Пронекс Хем

/Пронекс Хем
Пронекс Хем 2017-10-03T06:28:20+01:00

ПРОНЕКС ХЕМ

Пронекс Хем е основана во 1992 година а во 1995 година почна да работи со ѓубрива и набрзо стана една од најголемите компании од ваков вид во Македонија

_________

Пронекс Хем – регионален лидер во земјоделството

_________

 

ЗА НАС

Во 2000 година Пронекс Хем стана дистрибутер за Хаифа ѓубривата од Израел. Една година подоцна Пронекс Хем ја започна соработката со Ginegar компанија од Израел за производство на пластични филмови за оранжерии со што го затвори кругот на компании со најдобар квалитет.

Пронекс Хем исто така работи на подобрување на земјоделието во Р. Македонија и поради таа причина почна да ги нуди сите видови на земјоделски машини, системи за наводнување и сродни производи.

Повеќе од две децении ги нудиме најдобрите високо квалитетни суровини за земјоделско производство на македонскиот пазар. Ние сме ексклузивни застапници на следните светски компании:

  • Од 2000 година ” Haifa” – Израелска компанија која произведува кристални и ѓубрива во гранули
  • Од 2003 година ” Ginegar пластични производи ” – Израелска компанија која произведува пластични филмови за оранжерии
  • Од 2005 година ” Metzerplas ” – Израелска компанија која произведува капка -по- капка системи за наводнување
  • Од 2005 година ” Plantaflor ” – Германска компанија која произведува супстрат за садници
  • Од 2010 година ” Agris ” – Грчка компанија која произведува расад за производство на зеленчук
  • Од 2011 година ” Јусел ” – Турска компанија која произведува хибридни семиња за производство на зеленчук

ДАЛИ СТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ? КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ДЕНЕС!

Регионален лидер во земјоделството…

 

Контактирајте не денес