
Комплициран проект со автоматизација на наводнувањето на тешко достапен терен со комплексна парцелизација.
Извор на вода се 5 нови бушотини со потопни пумпи.
Направени се ископи на ровови со вкупна должина од 3000 метри за поставување на главни и зонски линии.

Поставени се 420.000 метри израелско црево со капалки од компанијата Метзер со просечна должина на редови од 340 метри и најголема должина од 450 метри.

Автоматизација на наводнувањето со програматори со RTU единици за радиофреквентна далечинска комуникација за да се намали бројот на доводни линии.

Квалитетот на водата од новите бушотини беше икслучително лош. На првата бушотина рачниот дисков филтер требаше да се чисти 4 пати дневно за да може да функционира, а останатите 4 бушотини беа практично неупотребливи со запушување на филтрите на секој час.


За решавање на овој проблем беа поставени автоматски самочистечки филтри од израелската компанија Амиад и хидроциклони, по што наводнувањето се одвива нормално и без прекини, без никаква потреба од дополнително чистење на филтрите.




























