HaifaStim™ Wall-Up

HaifaStim™ Wall-Up

0,00 ден


Оцена :

Детали за производот :

Ја зголемува отпорноста на растението на абиотски стресови и ја зголемува неговата механичка јачина.

HaifaStim™ Wall-Up е концентрирана формулација која на растението му дава лесен пристап до потребниот силициум благодарение на иновативна технологија заснована на ортосилициумска киселина. Дополнително збогатен со целосно водорастворливи хелирани микронутриенти, HaifaStim™ Wall-Up му помага на растението да изгради јаки клеточни ѕидови кои му даваат механичка цврстина и зголемена отпорност кон абиотски стресови, а со тоа и поголем принос.

HaifaStim™ Wall-Up е идеален за фолијарна апликација и употреба во систем капка по капка.

HaifaStim™ Wall-Up е одобрен за употреба во органско производство.

Активност и својства:

  • Ја зајакнува механичката сила на растението - HaifaStim™ Wall-Up доставува силициум во ткивата на растението од кој се формираат фитолити.
  • Ја зголемува ефикасноста на искористување на водата - силициумот ја зголемува јачината на клеточните мембрани и ја намалува евапоранспорацијата во сушните периоди, го намалува пукањето на плодови и нивните физиолошки дефекти како гниење на цветниот пол или црни дамки. HaifaStim™ Wall-Up исто така стимулира латерален коренов раст, со што се олеснува преземањето вода од почвата.
  • Зголемува продуктивност и принос - HaifaStim™ Wall-Up го стимулирање цветање и ја зголемува виталноста на поленот. Силициумот доведува и до производство на поголеми плодови со подобар квалитет и подолг рок на траење по берба.

Начин на употреба:

Во систем капка по капка: во период на најголемо производство и апсорпција на хранливи материи, 2 l/ha на секои 10-14 дена.

Фолијарно: за време на критичен период од раст и развој на растението, 1 l/ha на секои 10-14 дена.

Хидропоника: за време на цел животен циклус на растението, препорачана концентрација од 3 ppm SI.

Поврзани производи

Контактирајте нè.

Добијте го најдоброто решение за Вашите потреби