HaifaStim™ VIM

HaifaStim™ VIM

0,00 ден


Оцена :

Детали за производот :

Идеална комбинација на Хумусни и Фулвични киселини што ја стимулира кореновата активност, ја подобрува плодноста на почвата и ја зголемува ефикасноста на искористувањето на хранивите материи.

 

HaifaStim™ VIM е идеален за користење во капка-по-капка системи во текот на целиот циклус на раст на растението.

HaifaStim™VIM е одобрен за употреба во органско производство.

Активност и својства:

  • Подобрува својства на почва - HaifaStim™ VIM е богат со органски материи и биоактивни супстанци кои се неопходни за развој на почвениот микробиом и ја подобруваат порозноста и аерацијата на почвата.
  • Зголемува достапност на хранливи материи - полесно преземање на есенцијални катјони и микронутриенти од страна на растенијата.
  • Стимулира активност на корени - ја зголемува кореновата површина и ја зајакнува активноста на мембранските транспортни протеини со што се олеснува апсорпцијата на нитрати, фосфати и сулфати.
  • Штити од стресови од суша и почвена соленост - благодарение на Хумусните киселини HaifaStim™ VIM може да го намали проблемот со преголема салинација на почвата, осовено во подрачја каде преголемо наводнување доведува до солена токсичност. 

Начин на употреба:

HaifaStim™VIM е погоден за зеленчук, овоштарници, лозје, јагода, цитрус, маслинка, украсни растенија и трева. Заради стимулирањето на кореновиот развој осовено се препорачува за садници.

Во систем капка по капка: се препорачува 15-30 l/ha/година поделено во 3-4 нанесувања во текот на сезоната. Повисоки дози се препорачани за почви сиромашни со органски материи, густи посеви, интензивна ротација на култури и кога е потребен брз развој на корени и зафаќање на растенијата.

Фолијарно: 200-300 ml/hl со 3-4 нанесувања во една година.

Компатибилност:

HaifaStim™VIM може да се меша со сите ѓубрива и земјдолски препарати.
Да се избегнува мешање со високи концентрации на калциум, магнезиум и продукти кои содржат сулфур. Тестирајте во мал сад пред употреба.

Поврзани производи

Контактирајте нè.

Добијте го најдоброто решение за Вашите потреби