HaifaStim™ Force

HaifaStim™ Force

0,00 ден


Оцена :

Детали за производот :

Поддржува синтеза на аминокиселини и протеини и заштедува метаболна енергија со неверојатно брза асимилација од растенијата.

HaifaStim™ Force е физио-нутриционистички суплемент за растенија кој содржи идеална композиција од биоактивни состојки од растителен извор. Тој е природен течен екстракт со полифеноли, манитол, бетаин и л-аминокиселини. Промовира клеточна пролиферација и раст, поддржува синтеза на аминокиселини и протеини, зголемува антиоксидантна активност во стресни услови и ја оптимизира метаболната рамнотежа на растенијата.

HaifaStim™ Force е идеален за употреба во систем капка по капка и за фолијарно ѓубрење.

HaifaStim™ Force е одобрен за употреба во органско производство.

Активност и својства:

  • Антиоксидант - HaifaStim™ Force содржи полифенолски комплекси, растителни пептиди и шеќери кои ја поддржуваат антиоксидантната активност на растението и индуцираат синтеза на ензими и други соединенија кои го намалуваат оксидативниот стрес. Дополнително аминокиселини и осмолити како бетаин, пролин и манитол овозможуваат брзо опоравување од абиотски стресови предизвикани од суша или висока температура.
  • Подобрува развој на плодови - иделната рамнотежа на раастителни хормони (цитокини и ауксини) во HaifaStim™ Force ги поддржуваат репродуктивните процеси во растението. Л-лизин, л-метионин и л-глутаминската киселина промовираат создавање на полен и фертилитет, со што се олеснува зафаќањето на плодовите и го намалува нивното отпаѓање.
  • Зголемува квалитет на плод - бетаини, пролин и манитол ја намалуваат деградацијата на хлорофилот, а со тоа се поддржува фотосинтезата и се овозможува подобар раст на плодот.
  • Стимулира латерален коренов раст - цитокините во HaifaStim™ Force го подобруваат развојот на латералниот коренов систем со што се зголемува енергетски активната површина за апсорпција за хранливи материи и вода. Ниската pH (3) и присуството на аминокиселини ја подобруваат растворливоста, мобилноста и достапноста на микронутриентите во почвата.
  • Индуцира раст на латерални гранки - кога HaifaStim™ Force се користи фолијарно, ауксините и цитокините го подобруваат развојот на латералните гранки и со тоа способноста на растението да роди плод. Исто така доведува и до зголемување на тежината на плодот, подобрување на неговата боја и регулирање на неговото зреење.

Начин на употреба:

Ошто: аплицирајте барем 2-4 пати за време на циклусот на раст, од стадиум на вегетативен раст натаму. Особено се препорачува кога временските услови се неповолни за растението.

Во систем капка по капка: 10-15 l/ha, од почетокот на вегетативниот раст за ревитализирање на ризосферата и потоа на секои 2-3 недели за подобрување на ефикасноста на оплодувањето.

Фолијарно: оптимална концентрација за прскање е 450ml/hl.

Компатибилност:

HaifaStim™ Force може да се меша со повеќето препарати за заштита на растенијата и фолијарни ѓубрива. Да не се меша со сулфурни препарати. Кога се користи со бакар, да се применува помалата доза и да се тестира во мал сад пред мешање во резервоар.

Поврзани производи

Контактирајте нè.

Добијте го најдоброто решение за Вашите потреби