HaifaStim™ eNergy

HaifaStim™ eNergy

0,00 ден


Оцена :

Детали за производот :

Ја поддржува метаболната активност, го подобрува енергетскиот баланс и му помага на растението да се справи со сите видови абиотски стресови.

HaifaStim™ eNergy е течна формулација со липофилска природа и богата со биоактивни молекули со ниска молекуларна тежина, аминокиселини и пептиди. На келточниот ѕид на растението му дава на располагање силни липофилни осмо-протектанти и ја максимизира апсорпцијата и транслокацијата на хранливи материи низ хидрофобните мембрани на листот.

Идеален избор за фолијарно ѓубрење и погоден за користење во систем капка по капка.

HaifaStim™ eNergy е одобрен за употреба во органско производство.

Активност и својства:

  • Олеснува абиотски стресови - липофилните амино киселини пролин, глицин и хидроксипролин му овозможуваат брз одговор на растението кон стресови од суша, висока соленост на почвата и висока топлина. HaifaStim™ eNergy исто така стимулира и синтеза на молекули кои ги намалуваат штетите од абиотскиот стрес.
  • Поддржува фотосинтеза - HaifaStim™ eNergy го штити хлорофилот од оксидација со што ја подобрува фотосинтезата и спречува хлороза.
  • Подобрува фолијарен прием на хранливи материи - заради неговата липофилна природа, ниската pH и високата растворливост HaifaStim™ eNergy ја зголемува ефикасноста на фолијарните ѓубрива и заштитни препарати.
  • Олеснува асимилација на азот - кратко-синџирните пептиди ја стимулира активноста на ензимите нитрат редуктаза, нитрит редуктаза, глутамат дехидрогеназа и малат дехидрогеназа кои се одговорни за асимилацијата на азотот во органските соединенија.
  • Зголемува ефикасност на микронутриенти - аминокиселините во HaifaStim™ eNergy формираат комплекси со микронутриентите и ги прават постабилни и подостапни за растението. Дополнително стимулираат синтеза на ензимот железо хелат редуктаза кој е клучен за асимилација на железото. Високата содржина на Л-аргинин и Л-глутаминска киселина ја поддржува микробната активност што го олеснува приемот на хранливи материи кај растението.

Начин на употреба:

Фолијарно: препорачаната просечна доза е 2-3 l/ha растворени во 600-1000 l/ha вода, 3-4 третмани во текот на целата сезона. Помалата концентрација е наменета за фолии, а повисоката за растенија на отворено или ако растенијата се под абиотски стрес и со забавена метаболна активност.
Во комбинација со фунгициди и инсектициди 100-150 ml/hl. 
Во комбинација со хербициди 0.5-2 l/ha.

Во систем капка по капка: 4-5 l/ha.

Компатибилност:

HaifaStim™ eNergy може да се меша со повеќето најчесто достапни фолијарни ѓубрива и препарати за заштита на растенијата. Да се избегнуваат раствори со високи концентрации. Ако се применува истовремено со сулфур, да не се надминува концентрација од 0.1%.
Да не се користи истовремено со или набргу по примена на бакарни препарати.
Користете доволно вода за целосно да се раствори биостимулаторот.
За да ја потврдите компатибилноста, изведете тест во мал сад пред да подготвите цел резервоар.

Поврзани производи

Контактирајте нè.

Добијте го најдоброто решение за Вашите потреби