HaifaStim™ Combat

HaifaStim™ Combat

0,00 ден


Оцена :

Детали за производот :

Ја зајакнува системската одбрана на растението и ја подобрува отпорноста кон абиотски стресови.

HaifaStim™ Combat е иновативна течна формулација на бакар (Cu) базиарана на комплекс од хептаглуконска киселина (HGA). Тоа е органско соединение со ниска молекуларна маса која овозможува брз транспорт и асимилација на бакарот во ткивата на растението, како и стабилност при pH 2-12.

HaifaStim™ Combat е идеален за употреба во систем капка по капка и за фолијарно ѓубрење.

HaifaStim™ Combat е одобрен за употреба во органско производство.

Активност и својства:

  • Поддржува основни физиолошки процеси -бакарот во HaifaStim™ Combat е неопходен за формирање на хлорофил, градење на клеточниот ѕид и многу разни ензимски механизми. Поддржува формирање на семе и репродукција, зголемува содржина на шеќер, дава поинтензивна боја и подобрува вкус на овошје и зеленчук.
  • Превенира и лечи дефицит на бакар -заради малата молекуларна маса HaifaStim™ Combat лесно се асимилира во растението и овозможува негова достапност за сите метаболни потреби.
  • Подобрува метаболизам на јаглерод - бакарниот јон е присутен во активните места на пластоцијанините, растворливите протеини во хлоропластите кои се одговорни за синтеза на јаглехидрати.
  • Ги зајакнува ткивата на растението - бакарот е битен катализатор на оксидативни процеси и зазема улога во синтезата на прекурзори на ауксинот индол-3-оцетна киселина (IAA). Со тоа ја олеснува лигнификацијата и формацијата на калуси.
  • Безбеден и практичен - додека повеќето бакарни ѓубрива се цврсти, течната формулација на HaifaStim™ Combat ги избегнува ризиците поврзани со ракување со прашкасти материјали.

Начин на употреба:

Во систем капка по капка: во период на максимално производство и користење на хранливи материи, 2-4 l/ha.

Фолијарно: да се користи само во ладните периоди од денот, 150-300 ml/hl.

Компатибилност:

HaifaStim™ Combat може да се меша со повеќето ѓубрива и агрохемикалии, освен со производи кои содржат фосфат. Направете тест во мал сад пред мешање во голем резервоар.

 

Поврзани производи

Контактирајте нè.

Добијте го најдоброто решение за Вашите потреби