HaifaStim™ Calmaster

HaifaStim™ Calmaster

0,00 ден


Оцена :

Детали за производот :

Го подобрува квалитетот на плодот и го продолжува рокот на траење.

HaifaStim™ Calmaster е напредна формулација на калциум која овозможува негова брза апсорпција и асимилација во ткивата на растението. Содржи кацлиум во форма на хелати од л-аспартична киселина со ниска молекуларна тежина што овозможува ефикасна пенетрација низ кутикулата на листот. Оваа уникатна хелатна технологија го спречува врзувањето на калциумот со други агрохемикалии и хранливи материи и со тоа се спречува нивното таложење и блокирање. Исто така му овозможува и стабилност во широк распон на pH вредности.

HaifaStim™ Calmaster е целосно растворлив во вода и идеален за фолијарно ѓубрење или употреба во систем капка по капка.

Активност и својства:

  • Спречува физиолошки нарушувања - брзата и ефикасна апсорпција на калциумот спречува појава на чести физиолошки нарушувања како гниење на цветниот крај на плодот кај домати и пиперки, црни дамки кај јаболки, пукање на цреши и сливи, изгореници од сонце кај зеленчук и овошје и секундарни инфекции кај оштетени плодови.
  • Зголемува отпорност кон стрес - во ткивата на растенијата HaifaStim™ Calmaster ослободува цитозолен аспартат кој е клучна метаболна алка во синтезата на разни аминокиселини, нуклеотиди, хормонски конјугати итн. Овие супстанци се неопходни за развојот на растението и за справувањето со абиотски стрес.
  • Продолжен рок на траење на плодовите - оптималната достава на калциум за време на развојот на плодот е неопходна за формирање на силни клеточни ѕидови. Оваа механичка јачина го одржува квалитетот на плодот по берењето и го продолжува неговиот рок на траење.

Начин на употреба:

Ошто: се препорачува HaifaStim™ Calmaster да се употребува од зафаќањето на плодот, преку неговиот развој и се до берба. Особено се препорачува за почви со висока pH каде настанува фиксација на калциум и формирање на калциум карбонат.

Во систем капка по капка: 2-3 kg/ha на секои 15 дена.

Фолијарно: 2 kg/ha или 200 g/hl на секои 7-15 дена.

Компатибилност: 

HaifaStim™ Calmaster може да се меша со повеќето ѓубрива и агрохемикалии. Се препорачува да се изведе тест во мал сад пред да се спрема цел резервоар. Не смее да се меша со фосфонатни фунгициди.

Поврзани производи

Контактирајте нè.

Добијте го најдоброто решение за Вашите потреби