За Пронекс хем

Пронекс Хем е основана во 1992 година а во 1995 година почна да работи со ѓубрива и набрзо стана една од најголемите компании од ваков вид во Македонија

За нас

Основана во 1992-ра година, Пронекс Хем од самиот почеток е посветена на поместување на границите на земјоделството во регионот и набргу прерасна во една од најголемите компании од ваков вид во Македонија.

Со воведување на иновативни производи и врвни технолошки решенија од водечките светски компании во индустријата како Ginegar, Haifa Chemicals и Metzer, нудиме одговор со врвен и ненадминлив квалитет за секоја потреба поврзана со земјоделие.

Girl in a jacket

Хаифа агроцентар

Основана во 2005-та година, Земјоделска аптека Хаифа како подружница на Порнекс Хем Ви ги нуди сите неопходни материјали за современо земјоделско производство - ѓубрива, најлони, препарати, биостимулатори, семиња, црева, пумпи, алатки, механизација и консултации со високо обучени агрономи и експерти за наводнување.

Секоја иновативна и ефикасна земјоделска технологија може да ја најдете кај нас.

Girl in a jacket

Ексклузивни застапници на реномирани светски брендови

Ние сме ексклузивни застапници на следните светски компании:

  • Од 2000 година ” Haifa” – Израелска компанија која произведува кристални и ѓубрива во гранули
  • Од 2003 година ” Ginegar пластични производи ” – Израелска компанија која произведува пластични филмови за оранжерии
  • Од 2005 година ” Metzerplas ” – Израелска компанија која произведува капка -по- капка системи за наводнување
  • Од 2005 година ” Plantaflor ” – Германска компанија која произведува супстрат за садници
Girl in a jacket

Што работиме

Girl in a jacket

Испитување на почва

Со цел да се добие квалитетно производство од насадот мора да се знае правата слика за квалитетот и типот на почвата на која се одгледува производството. За таа цел неминовно е да се направи хемиска анализа на почвата и на водата со која се наводнува. Почвените проби се земаат на следниот начин:

  • Се прават повеке бушотини низ одредена парцела и сета таа почва добро се измешува, па се прави една просечна проба.
  • Почвените проби заедно со водата ги испраќаме на анализа во специјални акредитирани лаборатории во Холандија.
  • Во рок од една седмица се добиваат резултатите заедно со препорака за количина и начин на ѓубрење што треба да се примени.
Girl in a jacket

Апликација на ѓубрива

Апликацијата на ѓубривата на површини каде нема инсталирано систем капка по капка, се врши рачно или машински со ѓубре растурач или депозитор. На површини каде има инсталирано систем капка по капка апликацијата се врши на повеке начини:

  • Ѓубривата првин се раствараат во сад со вода со капацитет од 100 , 200 до 1.000 литри.
  • Растворените ѓубрива потребно е да се всмукаат со некој вид на пумпа и да се вбризгат во системот.
  • Вбризгувањето е многу битно да се врши за цело време на наводнување со одредена концентрација. Само на тој начин сите растенија ке добијат храна подеднакво насекаде.
  • За таа цел се користат специјално направени ДОЗАТОРИ MIX-RITE за чија работа не е потребна електрична енергија туку тие го користат протокот и притисокот на водата за наводнување.
  • Тие дозатори го всмукуваат растворот со храна од садот и го вбризгуваат во системот за наводнување.
  • Најважно од се е тоа што тие дозатори се штелуваат за висина на концентрацијата на растворот и на тој начин се дава на растенијата раствор со храна со точно одредена ЕС вредност во секое време.
Girl in a jacket

Надзор и консултации

Пронекс –Хем со своите агрономи, за своите клиенти – фармери обезбедува редовен надозор, пратење на нивното производство еден пат до два пати во неделата, а по потреба и почесто. Совети и консултации фармерите добиваат директно на нивните оранжерии или во просториите на Пронекс-Хем или по телефон.

Телефони за консултации се

  • Земјоделска аптека во Струмица и агроном за на терен Трајче Милев: Тел +38971772522
  • Земјоделска аптека во Струмица и дистрибуција Ване Наќев: Тел. +38977563990
Girl in a jacket

Проектирање и дизајнирање на системи занаводнување -капка по капка

Набавка на потребни материјали за систем занаводнување со комплетна автоматизација и комплетна инсталација на целатаопрема на принципот КЛУЧ НА РАКА. Целокупната опрема ја набавуваме однајпознатите Израелски фирми кои што имаат најголемо знаење и искуство вонаводнување во светот.

Контактирајте нè.

Добијте го најдоброто решение за Вашите потреби