
За нас
Во 2000 година Пронекс Хем стана дистрибутер за Хаифа ѓубривата од Израел. Една година подоцна Пронекс Хем ја започна соработката со Ginegar компанија од Израел за производство на пластични филмови за оранжерии со што го затвори кругот на компании со најдобар квалитет.
Пронекс Хем исто така работи на подобрување на земјоделието во Р. Македонија и поради таа причина почна да ги нуди сите видови на земјоделски машини, системи за наводнување и сродни производи.
Повеќе од две децении ги нудиме најдобрите високо квалитетни суровини за земјоделско производство на македонскиот пазар.

Застапници на светски брендови
Ние сме ексклузивни застапници на следните светски компании:
- Од 2000 година ” Haifa” – Израелска компанија која произведува кристални и ѓубрива во гранули
- Од 2003 година ” Ginegar пластични производи ” – Израелска компанија која произведува пластични филмови за оранжерии
- Од 2005 година ” Metzerplas ” – Израелска компанија која произведува капка -по- капка системи за наводнување
- Од 2005 година ” Plantaflor ” – Германска компанија која произведува супстрат за садници
Што работиме

Испитување на почва
Со цел да се добие квалитетно производство од насадот мора да се знае правата слика за квалитетот и типот на почвата на која се одгледува производството. За таа цел неминовно е да се направи хемиска анализа на почвата и на водата со која се наводнува. Почвените проби се земаат на следниот начин:
- Се прават повеке бушотини низ одредена парцела и сета таа почва добро се измешува, па се прави една просечна проба.
- Почвените проби заедно со водата ги испраќаме на анализа во специјални акредитирани лаборатории во Холандија.
- Во рок од една седмица се добиваат резултатите заедно со препорака за количина и начин на ѓубрење што треба да се примени.

Апликација на ѓубрива
Апликацијата на ѓубривата на површини каде нема инсталирано систем капка по капка, се врши рачно или машински со ѓубре растурач или депозитор. На површини каде има инсталирано систем капка по капка апликацијата се врши на повеке начини:
- Ѓубривата првин се раствараат во сад со вода со капацитет од 100 , 200 до 1.000 литри.
- Растворените ѓубрива потребно е да се всмукаат со некој вид на пумпа и да се вбризгат во системот.
- Вбризгувањето е многу битно да се врши за цело време на наводнување со одредена концентрација. Само на тој начин сите растенија ке добијат храна подеднакво насекаде.
- За таа цел се користат специјално направени ДОЗАТОРИ MIX-RITE за чија работа не е потребна електрична енергија туку тие го користат протокот и притисокот на водата за наводнување.
- Тие дозатори го всмукуваат растворот со храна од садот и го вбризгуваат во системот за наводнување.
- Најважно од се е тоа што тие дозатори се штелуваат за висина на концентрацијата на растворот и на тој начин се дава на растенијата раствор со храна со точно одредена ЕС вредност во секое време.

Надзор и консултации
Пронекс –Хем со своите агрономи, за своите клиенти – фармери обезбедува редовен надозор, пратење на нивното производство еден пат до два пати во неделата, а по потреба и почесто. Совети и консултации фармерите добиваат директно на нивните оранжерии или во просториите на Пронекс-Хем или по телефон.
Телефони за консултации се
- Земјоделска аптека во Струмица и агроном за на терен Трајче Милев: Тел +38971772522
- Земјоделска аптека во Струмица и дистрибуција Ване Наќев: Тел. +38977563990

Проектирање и дизајнирање на системи занаводнување -капка по капка
Набавка на потребни материјали за систем занаводнување со комплетна автоматизација и комплетна инсталација на целатаопрема на принципот КЛУЧ НА РАКА. Целокупната опрема ја набавуваме однајпознатите Израелски фирми кои што имаат најголемо знаење и искуство вонаводнување во светот.